ПЗУ Прим. Д-р. Благој Ников

Општа стоматологија

основата на секоја здрава насмевка

Што претставува ОПШТА СТОМАТОЛОГИЈА?

Општата стоматологија е темелот на секоја стоматолошка нега. Таа опфаќа дијагностика, превенција и третман на најчестите заболувања на забите и непцата. Нашата цел е да обезбедиме здрави, функционални и убави заби преку професионален и безболен пристап.

Дозволете ни да се погрижиме за вашата насмевка.

Преглед и
дијагностика

Прегледот и дијагностиката се првиот и најважен чекор кон здрава насмевка. Со помош на современа дигитална технологија, внимателно ја анализираме состојбата на забите и непцата за да обезбедиме прецизна дијагноза и најсоодветен третман за секој пациент.

Пломби и
поправки

При првиот знак на промена или најмало чувство на непријатност да не го одложувате прегледот. Со навремена интервенција, кариесот се чисти и забот се пломбира, со што се спречува негово понатамошно ширење и се зачувува здравјето на усната шуплина.

Залевање на
фисури

Оваа превентивна процедура најчесто се применува кај деца и млади пациенти веднаш по појавата на трајните бочни заби, наречени молари. Моларите имаат природни жлебови и вдлабнатини (фисури) на својата гризна површина, кои се идеално место за развој на забен кариес.

Чистење на
забен камен

Чистењето на забниот камен се врши со специјални инструменти и со ултразвучни апарати. По процедурата, забите се полираат со специјални пасти и четки за да се врати нивниот природен сјај и мазност.

Совети за здрава насмевка

Здравата насмевка започнува со секојдневна грижа и редовни прегледи. Правилната хигиена, балансираната исхрана и навремената посета на стоматолог се клучот за убава и долготрајна насмевка.
Мијте ги забите најмалку двапати дневно
Користете забен конец секојдневно
Избегнувајте прекумерно внесување шеќер
Јадете здрава и разновидна храна

Направете го првиот чекор – закажи термин сега!